Во сабота е Митровденската задушница

t

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се…

Соочен со зголемен притисок од САД, украинскиот…

Ристовски: Големите објекти се важни, но најважно…

Министерот за спорт, Борко Ристовски смета дека…

Двајца митрополити на СПЦ ја поддржаа Студентската…

Двајца архиереи на Српската православна црква во…

ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…

ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…