Објавено на:

Во светот минатата година во 39 земји се произведени 93,54 милиони автомобили

t

Во светот минатата година во 39 земји се произведени 93,54 милиони автомобили и лесни комерцијални возила, а најголем светски производител е Кина со 30,16 милиони возила.

На второ место се САД со 10,61 милиони возила, додека Јапонија со 8,93 милиони произведени возила го зазеде третото. Земји каде се произведени повеќе од еден милион возила се и Индија, Јужна Кореја, Германија, Мексико, Шпанија, Бразил, Тајланд, Канада, Франција, Турција, Чешка, Индонезија, Словачка и Велика Британија.

Другите земји-производители, кои не се членки на OICA (Organisation internationale des constructeurs automobiles), произведоа вкупно 2.006.197 возила.

Само кога станува збор за патнички возила, произведени се 67,13 милиони од нив, повторно најмногу во Кина, САД и Јапонија, потоа во Индија и Германија, а потоа следат Јужна Кореја, Шпанија, Бразил, Чешка, Индонезија, Словачка и Франција.

Една година претходно во светот беа произведени 84,83 милиони возила, во 2021 година таа бројка беше околу 80 милиони возила, во 2020 година беа произведени 77,43 милиони, а во 2019 година речиси 92 милиони возила.

Во сите европски земји во 2023 година се произведени 18,12 возила, а во 2022 година околу 16,03 милиони возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…