Во селото Јанче оддадена почит на Драги Гигоски – носител на партизанска споменица

t

Во неговото родно село Јанче денеска му беше оддадена почит на Драги Гигоски, носител на партизанска споменици кој загинал на 22-годишна возраст. Беше одржан Парастос и паметник за Гигоски, партизан, борец на Македонско – албанската ударна бригада кој загинал кај селото Туин, кичевско во 1944 година.

Наследниците на Драган заедно со други почитувачи на НОБ и претставници на Сојузот на борци од Дебар и Гостивар оддадоа почит за жртвата што тој заедно со своите соборци, Рафе Јанкуловски и Славе Симоновски од долнореканското село Јанче ја дале пред 79 години.

Меѓу присутните беше и неговата внука од брат Јованка, која денес живее во Дебар.

-Роден бил 1922 година, а за нашата слобода загинал на 22-годишна возраст. Вечна слава на сите херои кои животите ги положија во темелите на слободата. Баба ми, која живееше со нас доживеа длабока старост но никогаш не го прежали. Многу ни кажуваше за чичко ми, а солзите постојано течеа по нејзиното лице, рече Јованка.

Со неа беа и потомци на фамилијата Гиговски и други роднини и почитувачи. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…