ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ НЕМА ПРАЗНИЦИ: Никој не знае на што градоначалниците ги потрошиле парите за украсување
Скопските општини годинава ќе останат мрачни и бедни. Ниту новогодишни елки, ниту сијалички, ниту било каков украс ќе го одбележи доаѓањето на празниците во скопските населби. Зошто ќе останат голи улиците и локалните плоштади на Центар, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода ниту еден градоначалник не одговори. На прашањето дали воопшто, иако до Новата Година има само пет дена, ќе се украсува молк. За што ги искористиле парите предвидени во општинските буџети за украсување, никој од скопските градоначалници не сака да каже.
На нашите повици останаа глуви градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, на Бутел, Дарко Костовски, на Гази Баба, Бобан Стефковски, на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.
Единствено градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски преку својата служба за односи со јавност на мејл, кусо одговори.
“Поради енергетската криза со која се соочува државата, Општина Аеродром оваа година нема да има новогодишно украсување. Изминатите месеци воведовме низа мерки со кои како Општина значително ја намаливме потрошувачката на електрична енергија, а во таа насока ќе продолжиме и во месеците кои следуваат. Но, сепак се потрудивме да внесеме предновогодишно расположение меѓу аеродромци и за таа цел на 28 и 29 декември организираме Хуманитарен базар-фест на плоштадот зад „Капитол“ со програма наменета за сите генерации“, се вели во информацијата.
Но, и покрај поставеното прашање, од Општината не кажуваат колку пари сепак биле издвоени за украсување и каде се потрошени овие неискористени пари.
Сите скопски градоначалници ги прашавме дали воопшто имаат намера да украсуваат, кога би го направиле тоа и ако не го прават, каде и за која цел ги искористиле парите на граѓаните кои се издвоени за таа намена. Но, одговор не добивме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…