Во Скопје Вардар е повторно главен

t

Без разлика што Вардар го дочека натпреварот како последен тим на табелата, средбите со Шкупи секогаш привлекуваат големо внимание, а денес на Арената „Тодор Проески“ во првиот натпревар на Гоце Седлоски се радуваа црвено-црните во ефикасен натпревар со 3-2, а херој беше Горан Закариќ кој одигра одличен натпревар.

Со оглед на формата Шкупи влезе како фаворит во дуелот и така тргнаа работите кога Канда во 10. минута го отвори резултатот. Тој гол Вардар сепак не го откажа и по половина часа Закариќ со гол од слободен удар донесе израмнување. На пет минтуи пред крајот по еден нов прекин и асистенција на стрелецот Закариќ, Николовски носи и целосен пресврт. Така вардарци со предност заминаа на паузата.

Второто полувреме гледавме слична слика на теренот, немаше многу прилики, но се постигнуваа голови. Прво Ибиши донесе израмнување во 76. минута.Само две минути по голот на Шкупи за израмнување, Закариќ ја погоди стативата.

Важна улога одигра Закариќ и при третиот гол кога нафрли по еден слободен удар, а капитенот Мицевски погоди за второ водство и победа на Вардар.

За Вардар ова беше важен триумф со кој го напушти дното на табелата.и сега претпоследен со 11 бода, еден повеќе од Тиквеш.

Фото: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…

Граѓани со часови се жалат за неподносливата…

Пожарот на косовската граница не се смирува,…

Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…

(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…

Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…

Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…

Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…