Во Скопје казнети 140 возачи од кои 34 под дејство на алкохол

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Усмртен 47-годишен пешак

На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР…

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера…

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали…

Безживотно тело најдено на Шар Планина

Околу 17 часот и 30 минути од…

Загинатата 17-годишна девојка во несреќата кај Битола…

Седумнаесетгодишната девојка која го загуби животот во…