Во Скопје од Хиландар ќе биде донесена „Троеручица“, чудотворната икона на Пресвета Богородица
Во Скопје, в петок, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар.
Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје, информираат од Канцеларијата на Скопска епархија на МПЦ.
В сабота, на 21 септември ќе се отслужи света архијерејска Литургија, на која ќе началствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и гости.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…
Литија по улиците во центарот на Скопје…
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…