Во Скопје синоќа биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад, Ѓорѓиевски најави санкции

t

Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски рече оти сторителите се лоцирани и евидентирани, по што добиле налог да се јават во општинските простории каде ќе им биде изречена соодветна глоба
Доцна синоќа, на три локации во главниот град Скопје, во Општина Аеродром и во централното градско подрачје на улицата „Рузвелтова“ биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тој на социјалните мрежи напиша оти сторителите биле лоцирани веднаш, по што биле евидентирани и добиле налози да се јават во општинските канцеларии каде ќе им биде изречена соодветна глоба во согласност со законските прописи.

Дополнително, вели, на сторителите им било наложено да го подигнат отпадот веднаш и да го транспортираат на соодветна депонија, но и задолжително да приложат кантарска белешка како доказ, а доколку не го сторат тоа, ќе им бидат изречени нови санкции.

„Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца. За вакви појави нема оправдување. За вакво однесување нема толеранција. За уништување на Скопје – ќе има одговорност. Постапување против секој кој несоодветно се однесува – одговорност ќе има“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој рече оти инспекторите работат дваесет и четири часа на терен и оти го следат секое нарушување на животната средина, притоа апелирајќи до граѓаните да не одложуваат кабаст отпад оти на тој начин како што вели, се поништува работата, трудот и желбата на граѓаните кои сакаат да живеат во чист и уреден град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…