Во Скопје фатен турски државјанин кој избегал од затвор, бил осуден на казна од 23 години

t

На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција.

А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за  доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови.

А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…

Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…

Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…

МВР информира дека вчера попладне во 14:10…

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…