Во следните месеци ќе се одлучува за интегрирање на Вранишковски во МПЦ-ОА

t

Прашањето на архиереите на Православната Охридска Архиепископија (ПОА), црквата на Јован Вранишковски, се очекува да се реши во следните месеци, по најавената средба со владиците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), на која ќе се утврди нивната служба, односно интеграција во некои од верските храмови на МПЦ-ОА, објави ТВ 24.

Извори од МПЦ-ОА за телевизијата потврдиле дека веќе има одредени предлози околу кои би се одвивале преговорите:

Вранишковски преферирал да е духовен отец во некоја од скопските населби, иако има и предлог за негово пензионирање. На владиката од ПОА, Марко, му се нуди богослужба како хороепископ во Делчевскиот манастир „Св. Богородица Балаклија“, кој е под власт на епископот брегалнички Иларион од МПЦ-ОА. На Јоаким, кој во ПОА е епископ полошко-кумановски, предлог е да му се понуди позиција на хороепископ во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонски Брод, кој е под владение на митрополитот Тимотеј на МПЦ-ОА. Титулата хороепископ не предвидува ракополагање, поставување свештеници и осветување храмови, велат изворите од МПЦ-ОА.

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на завчерашната седница одлучи дека треба да се седне на иста маса со архијереите од ПОА сега кога СПЦ и даде автокефалност на МПЦ -ОА, автоматски престанува постоењето на ПОА зашто две паралелни цркви од иста вероисповед не може да опстојат на иста територија , образложуваат од синодот на МПЦ. Интенција и на МПЦ и на СПЦ е да се најде најбезболен начин на интеграција на свештенството на ПОА во редовите на МПЦ- ОА, а тоа претпоставува дека се ќе биде решено врз основа на договор со клирот на ПОА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…

Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…

Владиката Петар повеќе не е дел од…

МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…

Кога Господ Исус наврши триесет години од…

МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…