Објавено на:

Во Словенија ќе се градат 2.000 станови за јавно изнајмување

t

Во одговор на пратеничко прашање, словенечкиот премиер Роберт Голоб најави дека годинава ќе почне изградбата на 2.000 станови за јавно изнајмување. Истовремено, тој посочи дека се потребни два мандата за исполнување на целите на Владата во делот на станбената политика. Прашањето му го постави пратеникот на СДС, Андреј Поглајен, кој го критикуваше премиерот дека не ги исполнил владините ветувања за нови станови.

Пратеникот Поглајен, го потсети премиерот дека актуелната влада на младите им ветила изградба на 3.000 станови за јавно издавање годишно, но ништо не се случило. Според него, Фондот за домување на Република Словенија изградил помалку од 400 станови во 2023 и 2024 година и во оваа светлина го обвини премиерот дека лаже.

„Станбената политика е една од централните политики на оваа коалиција и оваа влада“, продолжи Голоб.

Како што посочи, Владата веќе на почетокот на мандатот објаснила дека сакаат да постигнат пробив во оваа област, за што, според премиерот, се потребни два мандата.

„Затоа што нема друг начин освен да изградиме два мандата. Не може во еден мандат да почнете и завршите градба, а сепак да обезбедите пари и законска рамка“, беше дециден тој.

Како што појасни, се обврзале да издвојуваат 100 милиони евра годишно за изградба на станови во текот на десет години. Според него, годинава ќе почне изградбата на 2.000 станови, а пред изборите уште повеќе, информира Н1 Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…