Во служба на граѓаните: Град Скопје информира дека е отворен нов пункт за наплата на ЈП Водовод и канализација

t

Од Град Скопје соопштија дека е отворен нов пункт за наплата на ЈП Водовод и канализација во ТЦ Капитол.

“ЈП Водовод и канализација со цел да овозможи поголема достапност за граѓаните за плаќањето на сметките постави апарат за наплата во ТЦ Капитол во Аеродром на вториот кат во трговскиот центар.

Поставувањето на овој апарат е дел од планот на јавното претпријатие за забрзан процес на дигитализација со цел доближување на услугите до своите корисници. Граѓаните на овој начин имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата за истите со користење на мастер и виза картичките од сите банки.

ЈП Водовод и канализација досега вакви апарати има поставено во дирекцијата на претпријатието, во Одделението за грижа на корисниците на ЈП Комунална хигиена и во ГТЦ на приземје. Корисниците, исто така можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација и на веб-страницата на претпријатието и мобилната апликација достапна за Android и iOS.

Ги потсетуваме корисниците на услугите на ова јавно претпријатие дека е во тек акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање со можност за склучување на договори за рати, до 48 за физички и до 24 рати за правни лица, која трае до 15.03.2022. Воедно ги повикуваме корисниците кои имаат заостанати долгови, да ја искористат оваа можност, со цел да ги избегнат гужвите што би се создале во текот на последните денови.” – стои во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…