Објавено на:

Во случај на ембарго: На Берлин и околината им се заканува недостиг на бензин

t

На делови од Германија им се заканува недостиг на нафтени деривати во случај на ембарго за увоз на руска нафта, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јавија денеска локалните медиуми.

-За жал, морам да кажам дека е можно во случај на ембарго во делови од Германија, особено на истокот и во Берлин, да има потешкотии во снабдувањето со деривати, изјави Хабек.

Тој посочи дека рафинеријата во Швед, во сојузната покраина Бранденбург, која го снабдува Берлин и неговата околина, преработува исклучиво руска нафта, па во случај на прекин на увозот би имало недостиг.

-Работиме на тоа оваа рафинерија да добива нафта од други извори во случај на ембарго, рече Хабек.

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени деривати до крајот на годинава. Некои земји, како Словачка и Унгарија, се противат на ембаргото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…

Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…

Арсовска достави нови докази до ОЈО: Само…

Градоначалничката на Град Скопје објави дека до…

Трета опција: За некој нема работа ама…

Фејсбук страницата „Трета опција“ сподели нови информации…

Млад скопјанец пронајден починат во стан

– На 23.06.2025 во 21.25 часот во…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…