Во Собранието продолжува расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година

t

Во Собранието денеска, во 12 часот, продолжува расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година.

Пратениците трет ден ќе расправаат за Предлог-буџет за 2023 година, кој најде пред нив откако Владата го усвои текстот по прифатените амандмани во матичната собраниска Комисија.

Вкупните расходи во Буџетот за 2023 година, се планирани во износ од 324,8 милијарди денари, или за 36,3 милијарди денари повисоки во однос на Буџетот за 2022 година. Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…