Во сообраќајка загина 17-годишна девојка, а повредени се четворица, меѓу кои и 7-годишно дете

t

Од МВР информираат за страшна сообраќајка која се случила вчера на патот Битола-Прилеп, а во која загина 17-годишна девојка, а четворица се повредени, меѓу кои и 7-годишно дете.

-На 19.09.2026 во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с.Долно Српци, општина Могила.

На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.

Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н..

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…