Во Србија објавен Речник на македонски глаголи

t

 По повод 75-годишнината од универзитетската настава по македонски јазик и литература во Србија, денеска во Музејот на обединувањето во Нови Сад беше претставен Речникот на македонските глаголи на авторот Жарко Бошњаковиќ, чие објавување е поддржано од покраинската влада, пренесува Бета.

Како што соопштија од Кабинетот на покраинскиот премиер Игор Мировиќ, поддршката за оваа публикација покажала посветеност на единството и односот кон македонското национално малцинство кое живее во Србија, а особено во Војводина.

Авторот на речникот и професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Жарко Бошњаковиќ рече дека овој речник ќе биде корисен за студентите, но и за јазичните теоретичари и лингвисти, додека претседателот на Националниот совет на Македонците, Борче Величковски, изјави дека станува збор за „капитална работа што ќе го подигне нивото на универзитетското изучување на македонскиот јазик“.

Вршителот на работи во Амбасадата на Македонија, Михаела Веселинов, истакна дека ова дело заслужува почит и е од големо значење за македонскиот јазик.

Соработници на речникот се Националниот совет на Македонците во Србија, весникот и издавачката институција „Македонски информативен и издавачки центар“ во Панчево, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад и Архивот на Војводина. 

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови грозоморни детали за убиството на малата…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав…

Србија има буџетски суфицит од 5,3 милијарди…

Во првите два месеци од 2024 година,…

Курти: Не сум против помош од Белград,…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска од северниот…

Стано: Без одложување да се формира Заедницата…

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано изјави дека…

Вулин: Дора Бакојани покажа дека Грција стана…

Основачот на српското Социјалистичко движење, Александар Вулин…