Во Србија оддадена почит на 1300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна на Костолачка Коса

t

Македонците во Србија во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, во Костолачка Коса крај Пожаревац им оддадоа почит на 1295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна. Тие, воедно, побараа на постоечката спомен плоча во цркавта Св.Ѓорѓи да се постави нова на која наместо „Вардарци“ ќе пишува дека се „Македонци“ и на макердонски јазик, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на Првата светска војна, Кралството Србија изврши мобилизација на Македонците во тогашна Јужна Србија, од кои е формиран Вардарскиот баталјон, со вкупно 1300 Македонци. Од нив, во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинал речиси целиот баталјон или вкупно 1295 војници, од кои 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинале на Костолачка Коса, 60 македонски војници загинале при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде животот го загубиле уште 60 војници. Така, Првата светска војна ја преживеале само петмина македонски војници.

-Бараме споменик за паднатите Македонци, во село Петка каде има споменик, но не и за Македонците. Имаме идејно решение за споменик на кое на македонски и на срспки јазик е напишано дека се Македонци. Поднесовме барање до претседателот Александар Вучиќ, до премиерката Ана Брнабиќ, до Министерството за култура на Србија. Добивме одговор од Министерството за труд и боречки прашања-сектор за боречка заштита дека со задоволство ја поддржуваат иницијативата со која се негуваат сеќавањата за жртвите од Првата светска војна, но дека немаат планирано средства за оваа година, со надеж за следната година нашата иницијатива да се реализира, изјави Лидија Демниева, претседател на Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград.

На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за овие храбри Македонци, присуствуваа Македонците од Србија, делегација од општина Костолац и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…