Во Србија регистриран првиот случај на флурон
Директорката на Институтот за јавно здравје „Трамболина“, Верица Јовановиќ, изјави дека е регистриран првиот случај на флурон во Србија, односно истовремено присуство на вирус на грип и коронавирус кај едно лице.
Верица Јовановиќ гостувајќи во емисијата „Четврток во 9“, рече дека пред една недела кај едно лице е регистриран првиот случај на присуство на вирусот сарс-ков-2 и вирусот на грип.
„Многу е тешко да се разликува клиничката слика помеѓу ковид и манифестацијата на вирусот на грип. Тоа е треска, општа слабост, сите симптоми на респираторна инфекција. Карактеристично е што брзо поминува, како што е манифестацијата на сој омикрон што предизвикува инфекција со Ковид“, изјави Јовановиќ.
Таа посочи дека флуроните ќе се повторат, а Институтот Торлак за првпат годинава утврдува присуство на двата вируса на примероците што се доставуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…