ВО СРЕДА НЕРАБОТЕН ДЕН, А ПОТОА СЛЕДУВААТ ВКУПНО 6 НЕРАБОТНИ ДЕНА – до крајот на мај има и два споени викенди, убаво испланирајте си го времето!

t

Во среда ни доаѓа неработен ден во Македонија по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Потоа во април имаме уште една среда неработна, а тоа е 24 април (денот на изборите за претседателски избори – прв круг).

А потоа исто така во мај имаме уште една среда неработна исто така поради изборите и тоа на 8 мај – втор круг од претседателските избори и парламентарните избори.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
01 мај (среда), Ден на трудот
06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
02 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед

03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе…

Носителот на изборната листа четири на СДСМ…

Нетанјаху: Нападот на Рафа ќе се случи…

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе…

Солзавец и водени топови за растерување на…

Вработените во грузиското Министерство за внатрешни работи…

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…

Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој

„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое…