ВО СРЕДА ХАОС ВО СКОПЈЕ: Вработените во Управата за матични книги излегуваат на протест
Независниот синдикат на Управата за водење матични книги при Конфедерацијата на синдикални организации во среда ќе протестира пред Министерството за финансии откако помина рокот во кој очекуваше одговор дали ќе има финансиски средства за реализација на нивните барања.
Синдикатот му даде рок на Министерството за финансии да одговори дали има пари за исполнување на барањата, кои претходно беа усогласени со Министерството за правда, а се однесуваат на отпремнини, исплата на К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата…
– Ние подолг период бараме да имаме средба, но немаме и ќе протестираме. Ако немаме средба, ќе ги радикализираме чекорите. Апелирам да смогнат сили и да седнеме на заедничка маса да најдеме решение за овој проблем што го имаат вработените, изјави денеска Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.
Ристески обвини дека нема социјален дијалог во државата и дека не може да се преговара само со одделни синдикати.
– Нема дијалог. Јавно прашувам дали Владата е на сите граѓани во државата или почна да ги бира синдикатите – овие се подобни, овие не. Бараме јавно да се произнесе дали има намера да го продолжи социјалниот дијалог со независните синдикати, рече Ристески.
Според Ристески, барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите за 2.806 денари нема да го реши проблемот имајќи го предвид порастот на инфлацијата.
Штрајкот на вработените во Управата за матични книги трае повеќе од еден месец, а документи се издаваат само во итни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…