Во стабилна состојба е младиот Иван Кукуновски кој вдишал чад при гаснење на пожарот во Чучер Сандево

t

По 24-часовна борба со огнените стихии, пожарот кој беснееше во атарот на скопското село Чучер Сандево е конечно локализиран.

Во гаснењето на пожарот, освен противпожарните екипи се вклучи и локалното население, кое со своја механизација не дозволи пожарот да земе сѐ поголем замав и да се доближи до домовите на илјадници жители.

Меѓу 200-те лица кои го гаснеа пожарот беше и младиот Иван Кукуновски, кој се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар, по што бил префрлен на Скопските клиники за укажување на медицинска помош.

Неговата пожртвуваност е само уште еден доказ за храброста на сите кои учествуваа во гаснењето.

Фотографиите ги сподели неговиот татко, Јовица Кукуновски, кој со поголема група на луѓе учествуваше во локализирање на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…

Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…