Во Стразбур започнува прославата на Денот на Европа – 9 мај
Денеска, во објектот на Европскиот парламент во Стразбур, ќе се одржи официјална свеченост за започнување на прославата на Денот на Европа – 9 мај и на 75-годишнината од донесувањето на Шумановата декларација.
Свеченоста ќе отпочне со пренесување на видео обраќање на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, по што ќе следи говор на потпретседателот на ЕП, Јунус Омарџи.
Официјалниот дел од почетокот на овогодишното одбележување на Денот на Европа ќе биде заокружен со настап на музичкиот состав „Воа де Страс“ („Voix de Stras’).
Посетителите, преку разновидни поставки и интерактивни занимации, ќе имаат можност да се информираат за начинот на работа на Европскиот парламент, како се донесуваат законите и за значењето на европската политика.
Главниот дел од настаните поврзани со одбележувањето на Денот на Европа во европските институции ќе се реализираат на 9 и 10 мај.
Инаку, оваа година, ЕУ, заедно со Денот на Европа, ја одбележува и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европска Унија и го отвори патот за „просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка во Европа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…