Објавено на:

Во судот во Белград сведочеше класната на Коста: Kажа какво момче бил

t

Во Вишиот суд во Белград, сведочеше Драгана Томиќ, класната раководителка од основното училиште Владислав Рибникар, каде што присуствуваше малолетниот убиец К.К. и каде се случил масакрот.

Таа пред судот како што пренесуваат српските медиуми, изјавила дека К.К се префрлил во втора смена бидејќи таму имал повеќе пријатели, додека во претходното одделение не бил добро примен.

Малолетникот молчел и бил мирен, но секогаш кога ќе го прашале нешто знаел и ги имал сите петки, рекла класната раководителка и додала дека знаела дека К.К одел и во музичко училиште и во глума, додека на прашањето дали имала некакви сознанија дека му кажал некому за стрелиштето и пукањето, таа одговорила дека досега никој не го спомнал тоа.

Во текот на првото полугодие, К.К. беше мирен и повлечен, но како што оцени класната раководителка тоа не било невообичаено. Таа додаде дека пропуштил многу училиште, двапати имал корона, како и дека имал „пост ковид“ во март.

Како што објасни класната раководител, Миљана Кецмановиќ во март минатата година ја известила дека К.К. спие малку и дека не може да се концентрира, па ја замолила да им го привлече вниманието на наставниците да го разберат.

Изјави и дека во текот на таа учебна година К.К имал околу 200 оправдувања, главно оправдани со лекарски извештаи од клиниката во која работел неговиот татко.

К.К во последниот месец бил расположен и насмеан, изјавила таа.

Зборувајќи за наводите дека К.К. на екскурзијата спиел во фотелја, одделенската наставничка потврдила дека првата или втората вечер спиел на фотелја, а таа го прашала зошто, на што тој одговорил дека играл игри и заспал во фотелјата.

Зборувајќи за денот на масакрот, Томиќ рече дека го донела своето дете на училиште и отишла да заврши нешто кога слушнала истрел за кој мислела дека е петарда, но набрзо откако ја напуштила салата го видела чуварот Драган Влаховиќ како лежи и се вратила да повика полиција.

Следните два часа, како што објаснува, не знаела кој е убиен, но во еден момент полицајците и рекле да влезе во училницата за да ги идентификува телата на убиените деца, бидејќи на тој начин значително ќе се скрати целата постапка.

„Ме внесоа во училница полна со мртви деца и јас одев од едно дете до друго и кажував кој е што“, рече Томиќ и додаде дека оттогаш е на боледување.

Пред Вишиот суд во Белград денеска сведочеше поранешниот директор на училиштето и одделенски наставник К.К. во продолжение на парницата што против Владимир и Миљана Кецмановиќ ја покренаа неколку семејства на убиените деца.

Денеска пред судот требаше да се појави мајката М.М. на Миљана Кечмановиќ, но не дојде во судница бидејќи се уште нема дадено изјава во кривичната постапка против неа и нејзиниот сопруг, која е затворена за јавноста, пишуваат медиумите во соседтсвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…