ВО ТЕК Е БЕЗБЕДНО ОТСТРАНУВАЊЕ – Пронајдена рачна бомба во куќа во тетовско село
Преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во тек координирање за безбедно отстранување пронајдено експлозивно средство, бомба, од куќа во Тетовско. Конкретно, во на единствениот телефонски број за итни случаи 112 при ЦУК е добиена информација од дежурен од ОЦ-СВР – Тетово за настан во с. Долно Палчиште дека при претрес на објект – куќа, била пронајдена рачна бомба. Согласно оперативните стандардни процедури, за случајот е известен и раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Тетово, а случајот бил пријавен и во Полициската станица ПС Тетово.
По известувањето на сите надлежни институции, за понатамошна постапка се чека екипа деминери од ДЗС Тетово за, согласно процедурите, експлозивното средство безбедно да биде подигнато од лице место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел…
ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко…
(Фото+видео) Дојава за бомба за време на…
Дојава за бомба во спортскиот центар Јане…
Над 2.000 повици на 112 во последното…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…
ЦУК алармира: Не е безбеден патот меѓу…
РЦУК Скопје известува дека од Општина Карпош…