Во тек откупот на македонското јагне, откупната цена се движи од 260 до 280 денари

t

Откупот на јагне почна, а првите количини се извезени на пазарите во Италија и Албанија вели потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска.

-Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари – изјави Сарафимов.

Тој вели дека според проценките на сточарите годинава во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица, а околу 100.000 женски јагниња ќе ги задржат за обновување на стадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

Се укинува притворот за Перпарим Бајрами за…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје,…

Нуркачот Питала, кој истражи рекордна длабочина во…

Нуркачот Бартоломиеј Питала од Полска, кој ја…