Во Тетово формирана коалицијата „Европски фронт“ на чело со ДУИ

t

Претседателите на четири политички партии денеска во Тетово потпишаа договор за коалицирање на претстојните парламентарни избори. „Европскиот фронт“ го сочинуваат актуелната владејачка партија Демократската унија за интеграција (ДУИ), потоа ДПА предводена од Мендух Тачи. Партијата на Аријанит Хоџа „Европска демократска партија“ како и партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи-Зејди.

Ахмети при денешното официјазилирање на коалицијата рече дека очекува голема победа.

– Ова е вистинскиот момент ние да бидеме заедно во заеднички фронт и овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен до реализирање на нашите цели, до членство во ЕУ. Треба да се приклучат и нашите сограѓани Македонци бидејќи не сум видел за иднината на оваа земја поголема одговорност од албанските политички субјекти. Овој фронт не се прави за партиски или лични придобивки, овој фронт се прави за да триумфира во мисии и нашата земја го има местото во ЕУ како што сме во НАТО – истакна Ахмети во своето обраќање.

Мендух Тачи рече дека ризикот што му се заканува на Балканот и Македонија е руската агресија на цивилизираниот свет, преку инсталираните раце.

– Ова обединување е да се спречи таа политика за да дојде и во Македонија. Бара од нашиот народ да се изгласа со број од 30 пратеници за да оневозможиме руската политика да се институционализира во Република Македонија. Никој од нас не е ангел, но сме ве убедиле дека не ја пречекориле црвената граница, од политички и национален аспект. Стотици илјадници луѓе се жртвувале за овој интерес. Кога нашиот кандидат за претседател убедливо ќе го победи неговиот противкандидат, македонската опозицијата знам дека ќе го смени речникот но може да е доцна за нив. Можам дека сфатам дека политички изјави носат поени но народот вели претераната шега преминува во трагедија – рече Тачи.

Аријанит Хоџа смета дека целта на Европскиот фронт ги надминува тесните или лични интереси, додека Скендер Реџепи-Зејди порача дека ова заедничко тело на повеќе политички субјекти нема друга алтернатива и дека фронтот ќе се прошири во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…