Во тешка сообраќајка загина 32 годишник од Крушево
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Прилеп и Крушево, животот го загуби 32-годишник од Крушево, потврдија од полицијата.
Несреќата се случи синоќа во селото Врбјани, кога дојде до директен судир помеѓу две патнички возила.
Полицијата соопшти дека повредена е и сопатничката од „опел вектра“ во која се наоѓал сега починатиот возач, а повреден е и возачот на „ленд ровер“.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа, а причините за трагичниот судир се предмет на понатамошна истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…
Со кревањето на знамето на Крушевската Република…
Водата за пиење во Крушево е исправна…
Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно…
Во Крушево останува забраната за водатата за…
Сѐ уште е на сила забраната за…
И водата во Крушево е неисправна за…
Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево, повикувајќи се…
Во тешка сообраќајка загина 32 годишник од…
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи…