Објавено на:

Во Турција приведени седум лица поради шпионажа

t

Турската разузнавачка служба (МИТ) откри меѓународна мрежа на агенти кои вршеле разузнавачки операции, при што се приведени седум лица.

Во истовремени операции во четири турски провинции приведени се седум лица, меѓу кои и наводниот водач на мрежата.

Вкупно се идентификувани девет припадници на шпионската организација, но двајца веќе се во затвор по други обвиненија.

МИТ тврди дека шпионската мрежа собирала чувствителни информации за невладини организации, здруженија, етнички групи и владини претставници и ги пренесувала на странски разузнавачки служби, без да прецизира до кого биле доставувани информациите.

Активностите на шпионите биле откриени преку физички и кибернадзор и техничко прислушување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…