Во Турција уапсени 304 лица поради сомнение за поврзаност со Исламска држава
Турските власти приведоа 304 лица осомничени дека се поврзани со милитантната група Исламска држава во операции во 32 области, објави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, додавајќи дека повеќето од осомничените се уапсени во трите најголеми градови во земјата, Анкара, Истанбул и Измир.
Осомничените се уапсени во рамки на операцијата „Херои-34“, која, според турскиот министер за внатрешни работи, била спроведена истовремено низ цела Турција.
„Заради мирот и единството на нашиот народ, ќе ја продолжиме нашата битка со интензивни напори на нашите безбедносни сили“, напиша Јерликаја во објавата на социјалната мрежа Х, заедно со видео на кое се гледа како припадниците на турската полиција влегуваат во становите и ги носат осомничените со возила.
Исламска држава која контролираше една третина од Ирак и Сирија во 2014 година, продолжува да ги води бунтовничките напади. Таа е одговорна за бројни напади низ Турција, вклучувајќи го и нападот во ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година, во кој загинаа 39 лица.
Властите ги засилија операциите против Исламска држава и курдските милитанти во последните недели, откако група курдски милитанти активираа бомба во близина на владината згради во Анкара на 1 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
10 земјотреси во светот во 2026 година…
Силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди…
(Видео) Царината спречи шверц на 3.000 игли…
На граничниот премин Блато спречен е обид…
Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја…
Џаред Кушнер, член на Извршниот одбор за…
Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство…
Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар…
Трамп во Анкара скришно во кетеринг-возило бил…
Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил…