Објавено на:

Во Украина заминале да војуваат 150 албански државјани против Русија, а загинале 51

t

Руското Министерство за одбрана објави информација со билансот од странски платеници, кои во моментов се борат на фронтот на украинска страна во која стои дека од почетокот на инвазијата во Украина заминале 150 албански државјани, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Од објавената статистика од почетокот на инвазијата во Украина, на 24 февруари годинава заминале 150 лица од Албанија, од кои 51 загинале. Во билансот стои и дека 45 албански платеници досега ја напуштиле Украина, а 54 остануваат да војуваат, јави Ора њуз.

Телевизијата пренесува бројки и за платеници од Косово, од каде на украинска страна заминале да се борат 156, загинале 69, ја напуштиле 62, додека 25 останале да војуваат.

-Според руското министерство кое наведува дека ги следи и ги регистрира по име сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија, до сега над 7.000 платеници од целиот свет се приклучиле кон украинските борци. Најбројни се оние од Полска или 1.800, наведува телевизијата. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…