Во Украина се обиделе да го украдат муралот на британскиот уметник Бенкси

t

Полицијата во Украина спречила група луѓе да украдат мурал на познатиот уметник Бенкси од фасадата на зграда оштетена во војната, пишува Би-би-си.

Групата отсекла дел од фасадата на кој беше прикажан приказ на жена со маска за гас, рекоа официјалните лица.

Полицијата соопшти дека на местото на настанот во Гостомел, во близина на Киев се уапсени неколку лица и дека им е одземен муралот. Тоа е едно од неколкуте уметнички дела создадени во Украина минатиот месец.

Графитот не е оштетен, а го штити полицијата, изјави гувернерот на киевската област Олексеј Кулеба на комуникациската платформа Телеграм.

„На крајот на краиштата, овие слики се симболи на нашата борба против непријателот. Тие се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме сè за да ги зачуваме овие дела на улична уметност како симбол на нашата победа“, вели Кулеба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас: Девојче силувано во струмичко, монструмот е…

На 25.04.2024 во Полициската станица Струмица, во…

Итна евакуација на две болници во Киев…

Градската државна на Киев извести дека итно…

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…