„Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија како карта за доаѓање на власт“
„СДС и Венко Филипче, наместо на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓите интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт. Па така, Филипче во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, договара ново предавство на Македонија, мислејќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Разлика меѓу ставот на официјална Софија и Венко Филипче, не може да се најде. Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго.
Со тоа, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека нашиот пат на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки.
Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните, удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда.
По примерот на Заев, кој потпиша бланко бел лист хартија, се откажа од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, сега Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да ум угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат.
Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава. Ние заедно со граѓаните им порачуваме дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат сериозни прашања за заштитата на македонскиот идентитет, достоинство и национални интереси.
Членството во ЕУ треба да биде резултат на вистински реформи, владеење на правото, функционални институции и исполнување на европските стандарди, а не на политички договори на штета на државните интереси.
Македонија заслужува европска иднина и таа иднина мора да се гради врз принципи на еднаквост, почитување и јасни критериуми, а не врз постојани нови условувања и отстапки“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…
Кина го продолжи трговското примирје со САД:…
Кина го продолжи за уште два месеца…
Трамп: Не е точно дека ги ставам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Русија, Украина и САД пред нови преговори:…
Делегации на Русија, Украина и САД треба…
Нападнат клучниот саудиски нафтовод „Исток–Запад“: Избувнал пожар,…
Саудиска Арабија соопшти дека нејзиниот стратешки нафтовод…