Во услови на огромни тензии: Косово подготвува големи воени вежби!
Министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај најави дека на Косово ќе се спроведе најголемата воена вежба „Дефендер Европа 23“.
Мехај не прецизираше кога ќе се изведува вежбата, но изјави дека подготовките се во тек, а, вели, им претходела набавка на опрема и доизградба на инфраструктурата, пренесува Танјуг.
„Во оваа вежба војската на Косово ќе учествува со два полка. За време на вежбата, планирано е да се валидираат пешадиските способности на КБС на ниво на полк од страна на специјализираните единици за валидација на Армијата на САД“, напиша Мехај на Фејсбук.
Тој изјави и дека вежбата „уште еднаш ќе сведочи за високата подготвеност и професионалност на нашата армија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…