Објавено на:

Во Хаг продолжува судењето на четворица поранешни лидери на ОВК

t

По едномесечна летна пауза пред специјалниот суд во Хаг денеска ќе продолжи судењето на четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

На седницата, која ќе биде отворена за јавноста, предвиден е исказ на сведок без заштитни мерки, а тој ќе биде 78-ми сведок на обвинителството од почетокот на судењето на 3 април минатата година.

Судскиот совет, со кој претседаваше американскиот судија Чарлс Смит, им даде рок на обвинителите до април 2025 година да го завршат изведувањето на доказите против обвинетите, а тужителите првично најавија дека ќе имаат повеќе од 300 сведоци, но по барањето на судијата, тие го намалија тој број за 100.

Во ноември 2020 година, Специјалниот суд за воени злосторства на Косово го обвини поранешниот косовски претседател Хашим Тачи за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени за време на борбата за независност.

Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на Парламентот, се соочуваат со истото обвинение како и поранешните герилци на ОВК.

Сите четворица се обвинети за „заеднички злосторнички потфат во кој беа извршени масовни напади“ врз српските цивили на Косово и косовските Албанци кои беа политички противници на ОВК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…