Во Холандија запленети 3.6 тони кокаин скриен во пратка со банани
Холандските власти запленија околу 3.600 килограми кокаин скриен во пратка со банани во малиот пристанишен град Влисинген, јави ДПА.
Вредноста на дрогата е околу 270 милиони евра, соопшти обвинителството. Тие биле откриени при рутинска проверка во пратка со банани од Еквадор наменета за Германија.
Властите соопштија дека е уапсен 27-годишен осомничен. Тоа е најголемата заплена на кокаин во Влисинген досега оваа година. Во мај беше запленета уште една пратка банани од Еквадор со речиси 500 килограми во вредност од околу 37 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…