Во Центар Жупа денеска ќе гласаат 29 болни и немоќни лица
Пред утрешниот, саботен изборен ден за градоначалник, во Општина Центар Жупа денеска, во домашни услови, правото на глас треба да го остварат 29 болни и немоќни лица.
-Според утврдениот план, од 14 часот определените избирачки одбори ќе ги посетат 29-те болни и немоќни лица, за да го остварат правото на глас. Барања имавме од 32 лица, но на три од нив не им беа прифатени истите бидејќи не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Споредено со повторените избори на 17 април годинава, бројот на оние кои денеска ќе гласаат е помал за 28, додека со редовните локални избори, на 17 октомври минатата година е поголем за 11 лица.
-Утре правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз.
Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места а во гласачкото ливче е само еден кандидат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…