Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода
Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво.
Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 метри.
Се очекува нивото да продолжи да опаѓа бидејќи во блиска иднина не се очекуваат посериозни врнежи. И во соседната провинција Анхуи ситуацијата е алармантна бидејќи 10 акумулации таму не можат да испуштаат вода низводно. Во август беше забележана рекордна висока температура на 267 метеоролошки станици ширум Кина, а бројни посеви беа уништени поради ниското ниво на Јангце.
Во последните денови во југозападна Кина имаше обилни дождови кои до некаде ја спасија ситуацијата, но централните делови на земјата сè уште се соочуваат со многу суви услови кои траат веќе 70 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брисел ѝ се заканува на Бугарија со…
Европската комисија предупреди дека Бугарија би можела…
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по 24-часовниот прекин…
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по глобалниот прекин…
Клековски најави реформи во Брзата помош: Централен…
Формирање самостоен Центар за итна медицинска помош…
Продолжува специјалната војна: Бугарите сега тврдат дека…
Министерството за внатрешни работи презело мерки против…
Иран одбива преговори со САД сè додека…
Главниот преговарач на Иран и претседател на…