Во Црна Гора веќе цел месец трае натпреварот во лежење
Во Црна Гора веќе цел месец трае натпреварот во лежење поради што натпреварувачите може да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Во селото Брезна, недалеку од Никшиќ во Црна Гора, се одржува натпревар во лежење, а од 21, колку што имаше на почетокот, останаа петмина херои. Тројца мажи и две девојки се борат за титулата „најголема мрза“ и награда од 1.000 евра, а никој не сака да се откаже сега кога победата е толку блиску, пишува 24sedam.rs.
„Ова е навистина без преседан. Сите рекорди се соборени одамна. Секој од овие пет натпреварувачи го заслужи тоа. Никој не сака да се откаже сега, ова е многу повеќе од натпревар во лежење, ова е вистинска психолошка игра. Ние се трудиме навистина да им обезбедиме најдобри услови. Им носиме храна и пијалоци, има и лекари кои се грижат за нивното здравје“, изјави Миќо Благојевиќ, креаторот на натпреварот.
Цел свет слушна за излежувањето во Брезна бидејќи бројни регионални и светски медиуми го пренесоа најбизарното натпреварување во Европа.
„Сѐ почна со оние предрасуди дека Црногорците се мрзливи и сакаат да лежат, а еве сега натпревар за кој зборува цел свет. Оваа година има бројни анегдоти кои долго ќе се прераскажуваат. “ изјави Благојевиќ.
„Еден наш натпреварувач дури и ослабе неколку килограми, иако јаде и лежи. Таткото на една девојка ѝ донесе нов автомобил пред влезот во етничкото село за да стане да го види и да го заврши натпреварот , но таа сепак рече дека не се откажува. Горивото поскапе, подобро да останеш да лежиш“, додал низ смеа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европски избори“: Во Бугарија пријавени 193 изборни…
До 11 часот денеска, во структурите на…
Излезеноста во Србија до 11 часот е…
Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…
ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…
Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…
Стритинг: Велика Британија мора да биде подготвена…
Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…