Во Црна Гора се славеше до рано наутро: Новиот претседател ветува дека ќе ја внесе државата во ЕУ за пет години
По 32 години доминација на црногорската политичка сцена, Мило Ѓукановиќ вчера беше поразен во вториот круг од претседателските избори. Тој беше поразен од Јаков Милатовиќ, кој според првичните резултати доби поддршка од околу 60 отсто од гласачите.
Синоќа се славеше во изборниот штаб на Јаков Милатовиќ, а таму беа и лидерите на партиите и коалициите кои го поддржаа во вториот изборен круг – Алекса Бечиќ, Андрија Мандиќ, Горан Даниловиќ. Беше и Здравко Кривокапиќ, во чија влада министер беше Милатовиќ. Поддршка на Милатовиќ и даде и премиерот Дритан Абазовиќ.
Милатовиќ рече дека ова е заедничка победа, победа на помирена Црна Гора и дека негови приоритети ќе бидат владеење на правото, евроинтеграции, економски развој и подобрување на односите со земјите од регионот.
„Нека ни е благословена победата на помирена Црна Гора, бидејќи ова е навистина победа за помирена Црна Гора и победа за сите нас. Вечерва Црна Гора направи одлучувачки чекор напред, решително се збогуваше со овој застарен режим на г. Ѓукановиќ и направи чекор напред кон поправедна, рамноправна, до поубава, европска Црна Гора и нека ни е со среќа“, рече Милатовиќ.
Тој вети дека како претседател ќе ја внесе Црна Гора во ЕУ во следните пет години.
„Црна Гора никогаш повеќе нема да се бори против своите соседи. Црна Гора сака најдобри односи со сите земји од Западен Балкан“, рече Милатовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…