Објавено на:

Во Црна Гора уапсено уште едно лице осомничено за воени злосторства на Косово

t

Црногорската полиција соопшти дека уапсила лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, што е второ апсење на осомничени за воени злосторства во последните десет дена. Полицијата во Херцег Нови го уапси И.Б. (48) од Косово, по потерница од Интерпол, а со цел да се обезбеди негово присуство во кривичната постапка која се води против него на Косово, соопшти полицијата.

Вишиот суд во Подгорица на уапсениот му одреди екстрадиционен притвор.

Во полициското соопштение не се наведуваат повеќе детали.

Ова е второ апсење во Црна Гора на осомничени за воени злосторства врз цивилното население на Косово.

Кон крајот на септември на северот на Црна Гора беше уапсен српскиот државјанин М.В., под сомнение дека извршил воено злосторство на територијата на општина Пеќ во 1999 година.

И нему му беше одреден екстрадиционен притвор.

Како што претходно објаснија од судот, привремениот притвор може да трае и до 40 дена.

Доколку Косово не поднесе барање за екстрадиција во рок од 18 дена од денот на притворот, тие ќе бидат ослободени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…