Во чад и хаос, албанскиот парламент ја изгласа новата регулатива за исклучување на пратениците

t

Во веќе видена атмосфера на хаос, удирање на столчиња и пуштање димни бомби, предизвикана од опозициските демократски пратеници приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, мина и денешната пленарна седница, на која експресно, без дискусија, за десетина минути владејачкото мнозинство усвои повеќе точки од дневниот ред.

Една од нив се и измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието, кои беа усвоени од социјалистичкото мнозинство со 74 гласа „за“ без консензус. Со новата регулатива, наместо досегашните 10 дена, се предвидува исклучување до два месеца за пратениците кои предизвикуваат немири. Измените беа донесени откако пратениците на ДП на последните седници не дозволија нормален тек на парламентарниот живот.

По седницата Барди истакна дека донесувањето на новата регулатива е „обид за атентат врз парламентаризмот“.

Пред седницата опозициските пратеници, приврзаници на Сали Бериша се судрија со обезбедувањето кое не им дозволуваше влез на 13 од нив, меѓу нив и Бериша, кои поради нередот што го создадоа на последната седница, Советот за етика им изрече мерка забрана за учество на седница во рок од 10дена.

Демократскиот пратеник Газмент Барди на крајот од седницата истакна дека донесувањето на новата регулатива е „обид за атентат врз парламентаризмот“.

Еден од нив, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи и актуелен генерален секретар на групата „Обнова на ДП“ го искрши стаклото на влезната врата на парламентот, порачувајќи дека нема да се откажат од намерата под притисок на „Линда (претседателка на парламентот) и камиказите на Рама(премиер)“.

Инаку, од дневниот ред беше тргната точката за ратификација на договорот меѓу Албанија и Италија за имигранти, откако синоќа Уставниот суд го суспендира договорот и најави дека по истиот ќе расправа на 18 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…