Во Челси го загубиле разумот: „Сините“ го бараат Хери Мегваер
Хери Мегваер е капитен на Манчестер јунајтед и е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, бидејќи „црвените ѓаволи“ за него платија 82 милиони фунти обештетување.
Со своите игри тој не ги оправдува ни едната ни другата работа, а постојано е цел на навивачите на Јунајтед поради лошите игри. Најновата шпекулација во англиските медиуми е дека Челси е заинтересиран да го доведе Мегваер во своите редови.
Наводно, „сините“ сакаат на ривалот од „Олд Трафорд“ да му го понудат Кристијан Пулишиќ, како замена за стоперот. Дел од навивачите на Манчестер јунајтед секако дека би прифатиле ваква размена со оглед на фактот дека на располагање имаат неколку стопери како Рафаел Варан, Виктор Линделоф, новото засилување Лисандро Мартинез, Ерик Баи и Фил Џоунс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…
Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…
Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…
Фрлил ќеси полни со запалива течност: Маж…
Еден маж денес попладне се обиде да…
Трамп: Има напредок за отворање на американска…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…