Во Шпанија спасена жена која три дена била заробена во автомобил
Жената која три дена била заробена во автомобил со безживотното тело на својата снаа била спасена во Шпанија откако ги погодила смртоносните поплави, извести во саботата тамошната спасувачка служба.
Автомобилот со преживеаната жена бил откриен во поплавен тунел кој бил блокиран со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале повик за помош од жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил затрупан под други возила.
„После три дена, најдовме живо лице во автомобил“, информирал денеска шефот на цивилната заштита, Мартин Перез од градот Монкада.
Монкада се наоѓа во југоисточната провинција Валенсија, каде во поплавите загинаа повеќе од 200 луѓе. Автомобилот со преживеаната жена е откриен во местото Бенетусер.
Жената е пренесена во најблиската болница, а нејзината здравствена состојба засега не е позната.
Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица. Според последните податоци на шпанската влада, животот го загубиле 211 лица, од кои повеќето во регионот на Валенсија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија ја скратува работната недела!
Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…
Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија…
Шпанските власти соопштија дека бројот на жртвите…
Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин
Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…
(Видео) Кралот на Шпанија го гаѓаа со…
Стотици луѓе протестираа против шпанскиот крал Фелипе…
Во Шпанија спасена жена која три дена…
Жената која три дена била заробена во…