Објавено на:

Во шума кај Берлин пронaјден мртов бизнисмен од Босна, полицијата се сомнева на мафијашко убиство

t

Градежниот претприемач Исмет К., кој беше киднапиран пред еден месец, беше пронајден мртов во шума кај германскиот главен гард Берлин.

Неговото тело беше откриено закопано во шума во областа Потсдам во петокот, а сите околности укажуваат на ладнокрвна, професионално извршена ликвидација.

Истражителите го пронајдоа скриениот гроб благодарение на анализата на податоците од мобилните базни станици, пишува германскиот таблоид Билд, чиј наслов гласи: Ладнокрвно мафијашко убиство.

По неколку недели пребарување, телото на Исмет К., за кого германските медиуми велат дека е од босанско потекло, беше пронајдено во петокот во оддалечена шумска област. Гробот беше внимателно скриен, а сложените траги ги доведоа истражителите до локацијата.

На самата локација, специјално обучено куче за следење на човечки остатоци ги потврди сомнежите и го лоцираше местото каде што е погребан претприемачот.

Исмет К. последен пат беше виден пред околу еден месец, по што му се изгуби секоја трага. Полицијата верува дека прво бил киднапиран, а потоа убиен и закопан. Начинот на кој е извршено злосторството укажува на внимателно планирање.

Полицијата не ја исклучува можноста дека станува збор за нарачано убиство поврзано со организиран криминал.

Смиреноста на извршувањето и професионалниот пристап укажуваат дека сторителите се професионалци. Истрагата сега е фокусирана на деловните и приватните контакти на Исмет К. за да се утврди кој можел да има финансиски или друг мотив за такво злосторство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во шума кај Берлин пронaјден мртов бизнисмен…

Градежниот претприемач Исмет К., кој беше киднапиран…

Седлоски го објави списокот на фудбалери за…

Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…

Се урна дел од мост на границата…

Дел од мостот кон граничниот премин Градишка,…

Началникот го намамил Нешовиќ – Баја во…

Случајот во Србија со исчезнувањето на Александар…