Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
Во јули годинава се издадени 367 одобренија за градење, што е за 8,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10,6 проценти) од нискоградба и 101 (27,5 проценти) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440 метри квадратни. Во Скопскиот регион се издадени најмногу одобренија – 107, и предвидени се 752 стана.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.995.108.000 денари, што е за 74,8 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци.
На 209 објекти (56,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43,1 проценти) тоа се деловни субјекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…