Во 10 ИТНО ОБРАЌАЊЕ НА БАЈДЕН: Изборите во САД донесоа неочекувани резултати
Демократите на Бајден постигнаа, според првите прогнози, подобри резултати од очекуваните.
Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва ќе одржи медиумска конференција по среднорочните избори одржани во вторникот во САД. Бајден треба да зборува во 22 часот по средноевропско време, објави Ројтерс.
Според првите прогнози, демократите на Бајден постигнале подобри резултати од очекувањата, оценува британската агенција, во време кога се уште се пребројуваат гласовите и конечниот распоред на силите на демократите и републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот не е познат.
Додека трката за Претставничкиот дом на американскиот Конгрес е речиси решена во корист на републиканците, во тек е голема борба за превласт во Сенатот.
Работите се такви што во моментов, според проекциите на CNN, двете водечки партии во САД имаат по 48 пратенички места, а на демократите им требаат уште две држави за да стигнат до бројката од 50, што им гарантира мнозинство, бидејќи во случај да биде 50: 50 го имаат дополнителениот глас на Демократската потпретседателка на САД Камала Харис (50+1).
Државите за кои се верува дека се води клучна борба се Невада, Аризона, Џорџија и Висконсин.
Американскиот републикански сенатор Рон Џонсон е реизбран во државата Висконсин, според проекцијата објавена вечерва од NBC News.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Костадинов: СДСМ да предложи да се намалат…
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде…
ЕКСПЕРТИТЕ ОЧЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ФАТИ ЧЕКОР ВО…
Ќе остане ли Македонија нем набљудувач во…
Изминатото деноноќие уапсени 12 возачи – Десетмина…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска
Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…