Во 13 часот состанок во Министерството за финансии, ќе се одлучува за поскапувањето на осигурителната полиса за возилата
Околу 13 часот во Министерството за финансии треба да се одржи средба помеѓу претставниците од Национално биро, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурениците, на која ќе се одлучува за поскапувањето на задолжителната осигурителна полиса за возилата.
Ова ќе биде тема и на наредната седница. Според, владини извори најверојатно ќе се носи нов тарифник и на тој начин ќе се вратат старите цени на овие полиси.
Инаку,владата има надлежност во носењето на цените на осигурувањето во цената на зелениот картон, во методологијата, но и во утврдување на максималните граници на режиските трошоци на осигурителните компании.
Минатата недела осигурителните компании одлучија да ја зголемат нивната цена за 15, 4 процени со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците растат.
На ова реагираа од Агенцијата за супервизија на осигурениците од каде тврдат дека покачувањето е неосновано. Од финансии пак соопштија дека денеска ќе се проверува оправданоста.
Минатата година за провизии за продавачи кои ги ангажираат компаниите за осигурување исплатени се 11, 5 милиони евра. Ова осигурување е задолжително, неговата цена е регулирана и ја утврдува државата, па се поставува прашањето зошто компаниите од овој бизнис имаат потреба од вакви посредници кои ги плаќаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…