Во 2021 година, Судскиот совет разрешил седум судии, од кои пет поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција

t

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на денешната седница, едногласно ги усвои препораките на народниот правобранител утврдени во Годишниот извештај за 2021 година за степенот на обезбедувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, по кои Владата треба да се произнесе во рок од шест месеци.

– Предлагам, покрај мерките, Владата да изготви акциски план, кој би го добиле во рок од еден месец или 15 дена, во кој точно ќе се утврди како ќе се постапи по мерките по месеци до крајот на годината, доколку се согласувате со таков пристап. Мислам дека така ќе бидеме поефикасни и ќе добиеме посоодветен одговор од страна на Владата, рече претседателката на Комисијата, Соња Мираковска.

Предлогот на Мираковска беше едногласно прифатен од членовите на Комисијата.

Дел од мерките предложени од народниот правобранител, што ги усвои Комисијата, а треба да бидат утврдени од Собранието, се од областа за социјална заштитата.

Се предлага Министерството за труд и социјална политика да најде начин меѓуопштинските центри за социјална работа да не им го укинуваат правото за гарантирана социјална помош на лицата кои остваруваат минимални средства од други извори, како награда за првенец на генерација или пари од игри на среќа, бидејќи тие средства не го подобруваат социјалниот статус на корисниот и неговата финансиска положба.

Во делот на областа за здравствената заштита, една од препораките е да се реши проблемот со гинеколошката заштита на жените во Шуто Оризари, а Фондот за здравствено осигурување да ја засили контролата во приватните гинеколошки здравствени установи во врска со наплатата на партиципацијата за здравствени услуги кои се покриени со средства од Фондот.

За децата со посебни потреби, има неколку препораки, меѓу кои надлежните да обезбедат лични асистенти за сите деца кои имаат таква потреба.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледува и Годишниот извештај на Судскиот совет за 2021 година.

– Судскиот совет во 2021 година одржа 33 седници. На ниво на државата, судовите во јануари 2021 година почнале со нерешени 99.954 предмети, а примиле во работа нови 564.899 предмети и имале во работа вкупно 664.493 предмети. Од овој фонд, решени се 567.155 а останале 97.338 предмети. Според наведените податоци, судовите во 2021 година успеале да го совладаат приливот на предмети и го намалиле остатокот за 2256 предмети. Со ова, оценка на Судскиот совет е дека судството во целина е ажурно. Иако од 34 суда, за ажурни се сметаат 15, а неажурни 19 и тоа четирите апелациски судови, 15 основи судови и Врховниот суд, истакна претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска, која го презентираше Годишниот извештај за 2021 година.

Во 2021 година, Судскиот совет разрешил седум судии, од кои пет поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и двајца поради сторена потешка дисциплинска повреда.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејанчо Ефтимов рече дека е добро што Годишниот извештај за 2021 година бил доставен на време во Собранието, за разлика од претходниот за 2020 година, кој пратениците го разгледуваа во 2022 година.

– Но, со разгледување на овој извештај, повторно се констатирани истите недостатоци, истата состојба. Судскиот совет не може да се изземе од одговорноста за аномалиите на правосудниот систем, каде што смислено не се преземаат активности. Судскиот совет треба да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судскиот систем. За жал, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека граѓаните имаат мала доверба кон судовите. Има само осум отсто доверба. Ако се продолжи вака, не осум отсто, ќе имаме 0,8, рече Ефтимов.

Тој рече дека Годишниот извештај на Судскиот совет е статистички и нема некој релевантен пример за кој пратениците можат да дебатираат. Ефремов истакна дека правосудството е најкритикуваната област во секој извештај на Европската унија.

Претседателката на Комисијата Мираковска даде пауза од еден час. По паузата пратениците ќе го разгледуваат извештајот до 17 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…