Во 2023 Столтенберг очекува Шведска и Финска да станат членки на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за ДПА изјави дека очекува Шведска и Финска официјално да се приклучат на НАТО во 2023 година. Столтенберг не може да каже кога точно ќе се случи тоа. Сепак, тој посочи дека е „апсолутно убеден дека процесот на ратификација ќе биде завршен навреме“.
Столтенберг јасно стави до знаење дека не очекува Турција долго време да го блокира процесот на прием на Финска и Шведска во НАТО. Најисточната членка на одбранбената алијанса се уште ја нема ратификувано т.н протоколи за пристапување за да се отвори патот на Финска и Шведска за влез во НАТО.
Турското раководство ја оправдува својата позиција со наводната поддршка на двете земји на „терористичките организации“, мислејќи на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Сепак, според некои шпекулации, улога во турската блокада играат и одлуките на одделни земји од НАТО кои ја прекинаа продажбата на оружје на Анкара.
На пример, САД ја исклучија Турција од нејзината програма за производство на борбени авиони Ф-35, откако владата во Анкара купи противракетни системи С-400 од Русија, и покрај противењето на партнерите во НАТО поради безбедносни причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
Албанската наркомафија оперира и во Финска: Запленети…
Албанското Специјалното обвинителство, во соработка со финските…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…