Во 2024 година да ги оствариме нашите најсмели соништа – Новогодишна честитка од министерот Спасовски

t

Честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по поводдоаѓањето на новата 2024 година.

Почитувани сограѓани,

На прагот на Новата 2024 година, ви се обраќам со срце полно надеж за заеднички просперитет, безбедност, сигурна иднина за сите – за нашата држава, Европа и светот.

Вo текот на изминатата година, посведочивме на значителен напредок во многу области – заеднички се соочивме со бројни глобални предизвици, и заедно постигнавме значајни успеси.

Република Македонија на безбедносен план е најстабилна во регионот, со врвни резултати во борбата против секаков вид криминал. Како држава во годината што изминува имавме историски можности да покажеме пред светот дека знаеме и умееме да бидеме успешни организатори и домаќини на настани од највисок ранг – како што беше 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ во Охрид и 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Го засиливме веќе високо етаблираниот меѓународен кредибилитет на нашата земја и ја потврдивме посветеноста кон мирот, стабилноста и развојот.

Тоа е особено важно во времиња во кои разорната сила на војната, моќта на дезинформациите, организираниот криминал и корупцијата имаат моќ да уништуваат животи на милиони граѓани, развиени економии и стабилни општества. Бидејќи криминалот не разликува ни држава, ни граници, ниту пак прави разлика меѓу нации,  раси или религии. Затоа безбедноста на секој еден е важна!

Во 2024 година, на прагот на новите надежи и цели, силно посакувам нашата заедничка цел да биде зајакнување на нашето единство за да работиме уште понапорно за обезбедување на мир, стабилност и благосостојба за сите граѓани. Нашата посветеност кон сигурноста и правичноста, борбата против криминалот и корупцијата, унапредувањето на транспарентноста и човековите права, да биде уште поизразена за секој граѓанин да се чувствува вреден и заштитен. И, најважно од сѐ, да бидеме посветени во воведувањето на европските вредности во македонското општество. 

Бидејќи, само така можеме со сигурен чекор да влеземе во нова, поубава, посреќна и просперитетна година, со заедничка визија и решителност кон нашата цел – интеграција во Европската Унија. Ова е патот којшто ги олицетворува нашите стремежи кон демократија, мир, стабилност и просперитет. Нашиот напредок кон европските стандарди и вредности е неспорен, а нашата одлучност да продолжиме по овој пат е непоколеблива.

Да бидеме горди на нашето културно и историско наследство, на македонската култура, македонскиот јазик, заштитениот македонски идентитет пред големото европското семејство, но и пред целиот свет! Притоа, сите заедно, градејќи го заедничкото европско општество во кое секоја разлика е ценета и почитувана, да ги овозможиме напредокот и благосостојбата на сегашните и идните генерации.

Драги сограѓани,

Во овие претпразнични денови, нека светлината на надежта и радоста го огрее секој дом и  секое срце. Ја испраќаме старата година со благодарност за сите лекции што ни ги приреди и сите успеси со кои нѐ благослови, а ја дочекуваме новата со отворено срце и ум, исполнети со надеж за подобро утре.

Нека 2024 биде исполнета со здравје и среќа, нека биде година во која ќе ги оствариме нашите најсмели соништа и цели.

Со најискрени желби за мир, љубов и хармонија, ви посакувам среќна Нова година!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…